ОЈО побара куќен притвор за дел од осомничените од општина Ѓорче Петров

by fokus

Основното јавно обвинителство попладнево соопшти дека побарало куќен притвор и јавување во суд за шестмина од осомничените за злоупотреба на службената положба кои денеска беа приведени. Меѓу приведените беше и поранешниот градоначалник на Ѓорче Петров, Сокол Митревски.

-Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежен јавен обвинител до судија на претходна постапка поднесе и Предлог за определување мерки за обезбедување за шестмина од осомничените. Како мерки за обезбедување се предложени: забрана за напуштање на живеалиште, обврска да се јавуваат во суд и одземање на патна исправа, пишува во соопштението на обвинителството.

Лицата се осомничени дека во 2014 година постапиле незаконски при одлучувањето во постапки за поднесени барања за утврдување на правен статус на бесправни објекти, со што нанеле штета во висина од 4.100.090 денари.

Поврзани новости