ВМРО-ДПМНЕ обвинува за сексистички напади кон Силјановска од активист на Пендаровски

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека на митингот на претседателот и кандидат за претседател, Стево Пендаровски биле изнесени сексистички навреди кон кандидатот за претседател професорката Гордана Силјановска Давкова.

-Овие изјави во официјален дел од митингот и пред целокупната јавност ги искажа активист на Пендаровски и тоа во негово присуство и да биде уште пожалосно во присуство на портпаролката на СДС Богданка Кузеска.

Најстрашното од се е после искажаните навреди кои се однесуваа на возраста и полот на кандидатката, никој на тоа не реагираше, ниту проба да го спречи активистот, ниту се огради, ниту се извини. Напротив тие дури и му се заблагодарија за неговиот настап.

Ова е бедно и жалосно, на кое дереџе дојде Пендаровски

Народот сето ова го гледа и сето ова ќе го казни. А повикуваме и надлежните институциите да реагираат,затоа што и од Стево да е премногу е, се вели во вонредното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

6

Поврзани новости