ВМРО-ДПМНЕ обвинува: СДСМ дели пропаганден материјал пред кампања

by fokus

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вечерва го обвини СДСМ дека дели пропаганден материјал низ општина Центар, иако се уште не е почната кампањата.

-СДСМ спротивно на Изборниот законик ја почнува кампањата предвреме, свесни дека ќе изгубат прават криминал. ВМРО-ДПМНЕ ќе ја извести канцеларијата на ОБСЕ во Македонија за злоупотребите на власта и предвреме почеток на изборната кампања. Ова е нервоза и паника поради страв од поразот кој им престои. Ништо нема да го спаси СДСМ од пораз, залудни се сите обиди и кршења на закони, само заглавуваат луѓе во криминал кои утре ќе треба да одговараат, велат од ВМРО-ДПМНЕ од каде испратија и фотографии.

Поврзани новости