Османи во посета на Турција

by fokus 08:36
08:36

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе престојува во официјална посета на Анкара, каде што ќе има средби со повеќе високи претставници на Република Турција, меѓу кои и со неговиот домаќин, шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу. Османи исто така ќе се сретне и со претставници на Сојузот на стопански комори и стоковни берзи на Турција.

Како што соопшти МНР, во фокусот на разговорите меѓу Османи и турските политички и економски чинители се очекува да бидат состојбата и можностите за продлабочување на билатералната соработка, со посебен акцент во економската сфера, активностите поврзани со регионалната соработка и НАТО сојузништвото, европските интегративни процеси, како и други прашања од меѓународните актуелни теми.

- Advertisements -

Во рамки на престојот во Турција, Османи ќе посети и граѓани со потекло од Република Северна Македонија.

Поврзани новости