Владата на СДСМ на само два дена пред одложениот старт на учебната година направи целосен колапс на образовниот систем, реагира ВМРО-ДПМНЕ откако во текот на тестирањето падна страницата за онлајн-настава.
„Ваквиот колапс предизвикува премногу конфузија кај наставниот кадар, но и кај самите родители и ученици. Откако учениците и наставниците ги добија своите насоки за работа на платформата, истата се покажа целосно нефункционална. Најпрво, учениците и наставниците не можеа да воспостават пристап до платформата, а потоа воопшто немаа можност за вклучување. Исто така, како една од главните причини поради нефункционалноста на платформата е и големата преоптовареност од корисници. Се поставува прашањето, како за два дена ќе се обезбеди непрекинат пристап и целосна достапност на платформата која како што ја најавија има за цел да обедини 270 илјади ученици?“, праша Марија Митева од ДПМНЕ.