Османи очекува да се усвои преговарачката рамка со ЕУ

by Фокус

Очекувам навремено усвојување на преговарачката рамка, притоа запазувајќи ги принципите на новата методологија во преговарачкиот процес, порача министерот за надворешни работи Бујар Османи за време на својата прва работна посета во Европскиот Парламент откако ја врши оваа функција, објави МИА.

-Ни претстои период на позитивна клима, многу работа, но и мотив за испорачување резултати од реформите на домашен план. Мојот фокус е продлабочување на добрососедските односи не само како наша автентична придобивка, туку и како активен придонес во регионалната соработка како клучна политика за одржување на европската идеја на Балканот – вели Османи.

Поврзани новости