ВМРО-ДПМНЕ: Новиот ребаланс на буџетот само го зголемува долгот на Македонија

by fokus

Антиреформската влада на СДСМ со предложениот ребаланс на буџетот го зголемува задолжувањето на Македонија, велат во соопштение од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека новиот ребаланс на буџетот предвидува поголемо задолжување на државата до крајот на годината за 150 милиони евра.

„Уште во првиот месец дена откако дојдоа на власт ја задолжија државата 60 милиони евра. Според плановите на Заев, до крајот на годината, секој ден граѓаните на Република Македонија кога ќе се разбудат државата ќе биде задолжена за нови 1,2 милиони евра повеќе од планираното.

Во ставката домашно задолжување владата на СДС планира наместо 17,8 милијарди денари да се задолжи за 20,7 милијарди денари. Тоа се нови 48,3 милиони евра долг кон домашните доверители.

Во ставката задолжување кон странство Владата на СДС планира наместо планираните 12,3 милијарди денари да ги задолжи граѓаните со 18,4 милијарди денари. Со ова планираат да не задолжат дополнителни 100 милиони евра повеќе кон странски доверители.

СДС ги лажеше граѓаните на Република Македонија. Ветуваа дека нема да се задолжуваат, а сега со ребалансот им најавува дека за само 5 месеци ќе го зголеми планираното задолжување за речиси 150 милиони евра.

Граѓаните на Република Македонија имаат право да знаат зошто државата се задолжува со толкава сума и каде СДС ќе ја потроши. Луксузите, октоподите, морските плодови, цвеќињата, партиските вработувања и вдомувањата на соросовите платеници не смее да биде на трошок на граѓаните.

Граѓаните со право се прашуваат зошто СДС планира да го зголемува долгот, а притоа реализира ништо од ветеното“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости