Почнува собраниската расправа за ребалансот на Буџетот, скратени се трошења за службени патувања и рекламирања

by Fokus

Во Собранието на Република Македонија денеска почнува расправата по Предлогот за измени и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2017 година.

Ребалансот на Буџетот предложен од Владата е на дневен ред на собраниската Комисија за финансирање и буџет.

Со него се предвидува дефицитот да остане 2,9 отсто од БДП, а растот да изнесува 2,2 проценти наместо првично предвидените 3 отсто од претходната влада и проектираните 2,8 од Светска банка, односно 2,7 отсто од НБРМ.

Скратени се сите непродуктивни трошења на Владата и на сите нејзини институции како што се службени патувања, презентации, економски промоции и рекламирање со што е направена заштеда на финансиски средства.

Поврзани новости