Дарко Каевски денес самиот се фати во лага, каде што рече дека се објавени 44 творби во збирката и дека претседателот на комисијата за издавање не знаел дека треба да се селектираат творбите, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
„На 28 декември 2017 година, директорот на АМС Каевски организираше поетско читање на стихотворбите и ги додели наградите на 3-те автори, при што на официјалниот фејсбук профил на агенцијата објавија дека се пристигнати творби од 48 автори, што значи дека во текот на издавањето биле отфрлени 4 творби и била извршена селекција. Ниту една прес конференција, ниту, пак, извинување нема да ја оправда грешката која ја направија Агенцијата за млади и спорт и Дарко Каевски како директор и уредник на збирката творби – истакна Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ.