517
Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ реагираа на обвинувањето од опозицијата дека Министерството за финансии неосновано се задолжувало на домашниот пазар.
-Лицемерието на СДСМ продолжува и со нивните напади за издавањето на државни хартии од вредност. Тие ги воведоа истите во 2004 година, ги издаваа во вредност по каматна стапка четири до пет пати повисока од денешната и добро знаат дека издавањето на хартии од вредност е нормален извор за финансирање на буџетските потреби – велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата велат дека ова било само „грчко сценарио” кое СДСМ се обидувала да го продаде веќе 10 години.