391
ВМРО-ДПМНЕ од првиот момент поддржуваше проверка и на сите два милиони жители, бидејќи СДСМ ќе добиеше два милиони одговори зошто граѓаните не ги поддржуваат нивните манипулации, велат денеска од владејачката партија.
-Само еден ден откако беше објавена фамозната листа на „фантомските гласачи“ и на најтврдокорните поддржувачи на СДСМ им стана јасно она што одамна го знаат и малите деца: нема фантомски гласачи и нема изговори за СДСМ ниту за досегашните порази на изборите, ниту за бегање од претстојните избори, нивно одложување или непризнавање на резултатите, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.