ВМРО-ДПМНЕ: Непочитувањето на здравствените препораки резултира со десетици заболени функционери

by Fokus

Непочитувањето на препораките на здравствените експерти резултираше со десетици заболени високи функционери на СДСМ. Да ги почитуваа препораките немаше да ги доведат во опасност сопствените животи и животите на граѓаните. За жал нивното здравје го ставија зад политичките потреби на Заев. СДСМ кластерот брза на избори во ситуација кога имаме стотици заразени и нови починати лица, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

-Брзајќи за избори СДСМ, Филипче и Заев заборавија на здравјето и животите на граѓаните. Заради нивната неодговорност во Македонија имаме црни биланси. Последното деноноќие во Македонија има 101 нов заболен и 4 починати лица од епидемијата со корона вирусот. Македонија има вкупно 2.492 заболени и 145 починати, со што сме рекордери во целиот регион по овие параметри на еден милион жители, а Заев и СДСМ се уште зборуваат за нова нормалност и избори, велат од опозицијата.

Според нив тоа покажува дека СДСМ се тотално одлепени од реалноста. Брзаат на избори и по цена на животите и здравјето на граѓаните, само за да го ублажат поразот и на тој начин да му ја спасат кариерата на Заев.

-Патем поради нивното неодговорно однесување и водењето на официјална кампања пред почетокот на изборната, создадоа нов кластер СДСМ во кој има позитивни на вирусот, 75 во изолација и огромен број граѓани и активисти кои изминатите денови имале контакт со сомнителните и заразените партиски функционери. Состојбата станува алармантна и за тоа одговорност имаат СДСМ, Заев и Филипче поради нивните постапки и одлуки. ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ и тоа јавноста сега го гледа. Ние цениме дека прво треба да се порази епидемијата, а потоа ќе следи поразот и на Заев поради неговите три години неспособна власт, хибридниот режим, сиромаштијата, корупцијата и криминалот кои тие ги создадоа, велат во своето соопштение.

Поврзани новости