-Заради стореното кривично дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик, Основното јавно обвинителство Велес денеска до Основниот суд Велес поднесе предлози за издавање на казнени налози против тројцата обвинети и предложи да им се изречат парични казни во висина од по 40 дневни глоби, секоја глоба во износ од по 20 евра во денарска противвредност, информираат од Обвинителството.