410
Веќе никој не верува во продавањето лаги спакувани како некаква борба за отворено општество, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.
-Станува јасно како бел ден дека скапо платените вандали на Сорос уништуваат се пред себе за дебели пари. СДСМ/Сорос во нивното дивеење низ улиците на Скопје повредија десетици полициски службеници, палеа, кршеа и предизвикаа штети тешки стотици илјади евра. Сега се спушта маглата. Се гледаат нивните ниски мотиви за насилствата и дивеењето. Стануваат вест и во САД. Почнуваат да ги нарекуваат бандите на Сорос. Народот избра на 11-ти декември. Нема Сорос, има мир, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.