Стејт департментот застана зад Бејли: Целосно ја поддржуваме неговата работа

by fokus

Американскиот Стејт Департмент ја поддржува работата на амбасадорот Џес Бејли, изјави вршитетелот на должност- портпарол Марк Тонер одговарајќи на прашање од Гласот на Америка на македонски.

-Американската политика во Македонија е да ја поддржи евро-атлантската интеграција на државата и реформите потребни за напредување кон таа цел. Тоа вклучува поддршка за демократските реформи, владеењето на правото и целосно имплементирање на договорот од Пржино, изјави Тонер.

Тој потврдува дека насоките за амбасадарот Бејли и неговиот тим се да „работат во партнерство со македонските власти, како и со граѓанското општество за унапредување на американската политика и целите на САД“ и додаде дека Стејт департментот има полна доверба во амбасадата и во амбасадорот во Македонија.

Поврзани новости