Одлуката околу решението на проблемот кој што Република Грција го има со нашето име, не е и не може да биде екслузивна сопственост само на одредени политичари, па ниту на владејачкото мнозинство во Собранието, регаира ВМРО-ДПМНЕ на како што велат, изјави на претседателот на Собранието Талат Џафери.
Како што соопшти, ВМРО-ДПМНЕ ги осудува изјавите на Џафери и ќе се спротистави на намерите мнозинството пратеници сами да изгласаат каква било промена на името без претходно за тоа да се изјаснат граѓаните на референдум.
„ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати промена на Уставот, со цел промена на уставното име на Република Македонија. Нема да прифати идеи и предлози што би го загрозиле македонскиот народ и македонскиот национален идентитет, засебноста на македонската нација и на македонскиот јазик и култура. ВМРО-ДПМНЕ, останува силно посветена на процесот на интеграција во семејството во кое припаѓа политички, културно и економски“ – се наведува во соопштението.