На скалите од влезот на Собранието пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ одржа прес конференција, на која рече дека и по координациите не го прифаќа референдумското прашање онака како што е формулирано. Генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев изјави дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе присуствуваат на собраниската седница на која треба да се распише референдумот, а за тоа дали како партија ќе го бојкотираат или не, рече дека останува на партиските органи да се поризнесат.
-Продолжува самоволието на парламентарното мнозинство и тоа за најважното прашање. Свесни дека е штетен договор и дека е спротивен на волјата на граѓаните се обидуваат со сила без прифаќање на аргументите на опозицијата да протуркаат повеќезначно, бесмислено и манипулативно прашање. ВМРО-ДПМНЕ не ја прифати улогата да биде алиби на власта – изјави Јанушев.