Јанушев: Ова е како да прашате „дали сте за плата од 500 евра, а Анѓушев и Ласкова да добиваат пари од државни фондови“

by fokus

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев изјави денеска пред Собранието дека тоа што се случува денеска во парламентот е крајно девијантно однесување, спротивно на законските прописи и воспоставената пракса. Според него, на овој начин парламентарното мнозинство брутално гази по воспоставената демократска практика, бидејќи, рече тој, секое референдумско прашање мора да биде донесено по пат на консензус.

-Прашањето мора да биде еднозначно. Прашања поврзани со други теми се двосмислени и доведуваат до заблуда. Тоа е исто како да поставиме прашање дали сте за просечна плата од 500 евра за секое семејство и за 1.500 евра за докторите поддржувајќи ги криминалните иновации на Владата со кои пари добиваат Анѓушев, Ласкова и други функционери. Дали сте за намалување на невработеноста поддржувајќи ги криминалниот тендер од 35 милиони евра во Министерството за здравство доделен на фирма формирана пред четири емсеци. Во сите овие прашања има контрадикторност. Ова е доказ дека власта е исплашена бидејќи договорот не поминува кај народот. СДСМ сака да ја изигра волјата на народот и на сила да протне капитулантски договор. Барам парламентарното мнозинство итно да се откаже од ваквото насилничко однесување – рече тој.

Поврзани новости