ВМРО-ДПМНЕ не го прифати предлогот на СДСМ за медиумите

by Фокус

Работната група за спроведување на Договорот од Пржино и денеска не успеа да се договори за законот за медиумите. Предлогот на СДСМ кој претходно беше ставен на маса, денеска ВМРО-ДПМНЕ го одби.

За владејачката партија овој предлог закон СДСМ е фрапантно лош закон, кој бил против Уставот. ВМРО-ДПМНЕ смета дека постоечкиот закон е добра основа за регулација на медиумите, а доколку СДСМ тоа не го прифати, тогаш  тие се подготвени да им  понудат да ги пресликаат  законите од земјите од ЕУ кои ја уредуваат оваа сфера.

За СДСМ пак, предлог-законот кој тие го понудија е нивната црвена линија и од тоа не отстапуваат. Посредникот Питер Ванхојте рече дека потребен е нов закон кој нема да биде копија од друга земја.

-Не е добра идејата да се копира од европските земји и да се земаат закони од нив затоа што вие имате различен правен систем, друг устав, друг менталитет. Вашите медиуми не може да се споредуваат со медиумите во другите земји. Затоа ве молам обидете се да го искористите она што го имате и да го подобрите тоа, рече Ванхојте.

 

Поврзани новости