405
ВМРО ДПМНЕ денеска ги демантира информациите дека наводно човек од обезбедувањето на Никола Груевски дал наредба за активности поврзани со настаните на 27 април.
-Тоа е комплетно неточно. Ниту има таква работа, ниту пак тоа го пишува во обвинителниот акт кој го има поднесено обвинителството. Против посоченото лице не е покренато некакво обвинение, што значи дека се работи за вешто спакувана лага со цел да се манипулира јавноста, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Тие додаваат дека било скандалозно што во јавноста протече цел обвинителен акт, при што на одговорност треба да се повика Претседателот на Судот Иван Џолев.