Опозициската ВМРО-ДПМНЕ за в сабота најави нов протест во Скопје, ќе протестираат против „неправда, реваншизам и политичко насилство“.
Протестот ќе почне во 18.30 часот пред Министерството за правда, по што ќе продолжи пред Основното јавно обвинителство.
Според ВМРО-ДПМНЕ, власта во недостаток на успеси и во услови на секојдневни порази на секое поле, сѐ повеќе се врти кон политички прогон и застрашување.
– Министерот за неправда наместо да прави реформи, јавно се заканува и им прејудицира казни на сите кои не мислат како Заев. Тоа е таа Заев-неправда по рецептот јавно да се најавуваат пресудите и од страна на Заев и од страна на министер за правда и од страна на обвинители и судии. Мафијата работи по принципот, мафија се тужи, мафија те суди. Затоа гледаме стотици случаи кај што мафијата на власт удира по новинари, удира по опозицијата, удира и по народот. Кацарска е наградена со место во Уставниот суд. СЈО ги изеде народните пари, а народот не виде правда, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.