Двајца починати од корона од Прилеп и Велес

by fokus

Во последното деноноќие во болница починале двајца пациетни заразени со Ковид-19, еден осумдесетгодишен пациент од Прилеп и педесет и четиригодишен од Велес.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 10 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 76 пациенти. На кислородна поддршка се 38 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се две деца и две мајки позитивни на ковид-19, четири деца и три мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се двајца, а вкупно хоспитализирани се 29 пациенти. На респиратор се пет пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 20, а во болницата во Штип се 44 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 175, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Најмногу активни случаи има во Скопје, односно во општините Аеродром и Центар.

Поврзани новости