ВМРО-ДПМНЕ: Најавената фабрика за согорување отпад во Неготино опасност од загадување

by Fokus

Зоран Заев ги излажа граѓаните од Тиквешијата. Среде земјоделски регион и најплодна почва, Заев најавува во Неготино изградба на фабрика за согорување на отпад од речиси цела држава. Тој на земјоделците од овој регион им ветуваше здрава животна средина, а сега им носи опасност од енормно загадување, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

-Да биде овој бизнис уште посомнителен, наведениот инвеститор кој го најавува Заев е од Луксембург, земја позната по оф-шор фирми со сомнително сопствеништво кое е сокриено за јавноста.

Оф-шор компанија во комбинација со Заев е рецепт за корупција и еколошки злостор. Ова како и за многу други добри зделки на Заев мириса на провизии и криминал, се разбира на штета на народот. Во ситуацијава на штета на граѓаните на Кавадарци, Неготино, Демир Капија, Росоман и соседните општини. Нив ги прелажа, а сега се заканува да им ја загади земјата од која живеат, велат од партијата.

Поврзани новости