ВМРО-ДПМНЕ: Надлежните да проверат дали смеe да се објавуваат вакви снимки?

by Фокус

По објавените видео снимки од разговорот на премиерот Никола Груевски и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, се огласија и од ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ ги повикува надлежните институции да откријат од каде се актуелните снимки, дали смее да се објавуваат вакви снимки, кој го сторил тоа и дали е од законски издадени ПИМ мерки или не е, и за што станува збор“, велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ заклучуваат и дека СДСМ биле во паника, бидејќи, како што велат, биле фатени живи. Од владејачката исто така и реплицираа на опозициската СДСМ, од каде што претходно истакнаа дека со објавувањето на видеата било јасно дека премиерот незаконски снимал и прислушувал.

„Вакви штури соопштенија и површни објаснувања нема да го исперат срамот на Зоран Заев. Кој снима и кој се користи со такви материјали за закана кон носители на државна функција, во соработка со странски служби, има судска постапка и ние како партија остануваме со став дека и партиите и медиумите во врска со овој случај треба да се однесуваат одговорно и професионално и во рамки на Уставот и законите и демократските стандарди, за да не се дозволи намерата на тие што се инспиратори и креатори на овој случај да се реализира“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Поврзани новости