СДСМ: Скандалозно е тоа што Груевски ги снима политичките средби!

by Фокус 21:58
21:58

Скандалозна е видео снимката од кабинетот на Никола Груевски објавена во дневникот на провладината „Сител“ телевизија. Тоа е класична потврда и клучен доказ за тоа кој во Република Македонија снима и следи комуникации, пишува во соопштението на СДСМ.

Оттаму прашуваат кој друг може да снима во кабинет на премиерот, освен Никола Груевски?

- Advertising -

„Овој пример покажува како функционира Груевски и го потврдува сето она што го зборува претседателот на СДСМ, Зоран Заев. Еве како се следи и се снима лидерот на опозицијата. Еве како се следат и се снимаат илјадници граѓани во Република Македонија. Прикажаниот видео материјал потврдува дека Никола Груевски ги снима оние коишто доаѓаат на политички средби во неговиот кабинет, велат од СДСМ.

Од партијата коментираат дека ова е пример без преседан во Европа.

„Со ваквото постапување Никола Груевски прави кривично дело неовластено снимање и прислушкување според член 151, став 3 и член 152 од Кривичниот закон. Денеска Сител сето тоа го покажа на виделина пред јавноста. Што се однесува до содржината во видео клипот, во обраќањето на 31.01.2015, претседателот Заев јасно посочи дека неверојатно е Груевски да е толку наивен и да мисли дека Зоран Заев во разговор ќе го открие идентитетот на лицата што ги доставиле доказите до него, велат од партијата.

 

Поврзани новости