15 дена убиецот кој ладнокрвно го ликвидираше младиот Мартин Јанушев е на слобода, реагира денеска ВМРО-ДПМНЕ.
-Никој не знае ниту каде се наоѓа, ниту кој му помогнал да избега. Така е затоа што очигледно криминалците инволвирани во оваа егзекуција имаат заштита од највисоките врвови на власта. Така е затоа што криминалците се ослободуваа и обработуваа за СДСМ и сега институциите се блокирани и не смеат да ги гонат. Затоа може некој да убие момче на улица и 15 дена да биде недостапен за полицијата. На Оливер Спасовски му требаа две недели да излезе со некакво име за наводниот сторителот на ладнокрвното убиство и да ја убедува јавноста дека токму за него имал „несоборливи докази“. Оливер Спасовски нема несоборливи докази, туку си ја има само мувата на капата затоа што убиецот и сите негови помагачи се шетаат слободно и ја поминаа границата благодарение на помошта што им беше дадена, а целата јавност во рок од половина час знаеше кој е сторител, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.