СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ стои зад земјоделецот кој го доби доменот „Збогум Никола“

by Фокус

Каква е поврзаноста на партијата на Груевски со земјоделецот од Велес, вработен во МАРнет, што го доби доменот Збогум Никола, купен од СДСМ и од каде знае партијата на Груевски што направиле од МАРнет, освен ако јавната установа не работи по нивна директива, прашуваат денеска од СДСМ.

-Тоа што ВМРО-ДПМНЕ излезе да ги брани земјоделецот од МАРнет и јавната установа МАРнет е потврда на сомнежите дека власта на Груевски стои зад направените злоупотреби. Скандал е тоа што доменот zbogumnikola.mk украден од СДСМ, е регистриран на име што води кон вработен во МАРнет. Новак Новаков од Велес е вработен во МАРнет, а zbogumnikola.mk е регистриран на Новакови, индивидуален земјоделец од Велес, се вели во соопштението на СДСМ.

Од СДСМ велат дека неколку дена откако обелодениле што се прави преку МАРнет, доменот е пререгистриран од индивидуалниот земјоделец Новакови, на име на непостоечка фирма – СОЛЕ ПРОМ, па на извесен Ванчо Петрушевски од село Добри Дол, кој не знаел зошто го купил доменот.

Поврзани новости