ВМРО-ДПМНЕ: Му кажа ли Заев на Јункер дека во Македонија единствено има политички затвореници

by Fokus

„СДСМ и Зоран Заев не можат да зборуваат за реформи, кога по 9 месеци немаат реализирано, ни 50 проценти од планот 3-6-9. Наместо посветеност на реформските процеси, власта се насочи кон креирање на штетни договори, неуставни закони и расипничко трошење на парите на граѓаните“, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата го прашуваат премиерот Заев, дали го информирал претседателот Јункер, за политичката тортура која се спроведува во државата, неоснованите притвори и монтираната истрага против десетина лица за тероризам.

„Го информираше ли Заев својот соговорник дека Република Македонија е единствената држава на тлото на Европа во која има политички затвореници. Дали Заев го информираше господинот Јункер, дека во Република Македонија сопственици на медиуми се осудуваат на затвор заради новинарски текстови“, прашуваат од партијата.

 

Поврзани новости