ВМРО-ДПМНЕ му даде рок на Заев до утре до 14:30 да ја поднесе оставката

by fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес конференција му даде рок на премиерот Зоран Заев најдоцна до утре во 14:30 часот да ја поднесе оставката. Доколку тоа не се случи, тие ќе ја почнат процедурата за гласање недоверба на Владата.

-Ќе бидам прецизен. Утре во 14:30 ќе ја почнеме процедурата за гласање недоверба на оваа влада, доколку пред тоа Заев не даде неотповиклива оставка.

На прашањето што доколку не успеат да и изгласаат недоворба на Владата, Мицкоски вели: First things first.

-Ајде прво да ја качиме првата скала, па потоа да видиме што понатака. Да почекаме да се случи првата работа, Заев да си го исполни ветувањето, иако лично не очекувам. Утре ја доставуваме иницијативата за гласање недоверба, и потоа ќе ја следиме процедурата, вели Мицкоски.

Што се однесува до информациите дека пратеникот  на Алтернатива, Скендер Реџепи, нема да го поддржи новото мнозинство во кое е вклучена и Левица, Мицкоски вели дека неговиот потпис стои на иницијативата на потпишаните за ново парламентарно мнозинство.

 

Поврзани новости