МВР се пофали со новите униформи, граѓаните им најдоа замерки!

by fokus

Министерството за внатрешни работи се пофали дека продолжува униформирањето на полицијата и други единици на МВР, а објавија и фотографии на кои се промовираат новите модели на униформи.

-Конкретно, за опремување на униформираната полиција набавени се целосни униформи во состав од 10.000 зимски јакни и 8.550 високи специјални чизми чија испорака се очекува почеток на 2022 година, 20.000 летни и зимски панталони, 10.000 чевли со дебел ѓон и 20.000 летни и зимски капи со испорака во текот на следниот месец и испорачани 10.000 кошули со краток и 10.000 со долг ракав, 8.000 поло маички, 10.000 полувисоки чевли и 8.000 чевли со тенок ѓон и флуоресцентни елечиња-информираат од министерството.

Сепак, според коментарите кои ги остава јавноста под објавените фотографии, чести се критиките на сметка на новите униформи, кои очигледно не оставија посебен впечаток со својот изглед.

-Овие кондурчиња се како за свадби играње, Кога им давате униформи не треба да се фалите, Униформите се како за автомеханичари, Не се следат европски трендови и практичност со овие униформи, Угледајте се на другите држави и низа на други замерки на сметка на промовираните униформи се актуелни на Фејсбук страницата на МВР.

Од МВР пак, помеѓу другото, пишуваат дека со доаѓањето на чело на МВР на министерот Спасовски, како резултат на посветеноста за унапредувањето на условите за работа на полициските службеници, реновирани се над 60 објекти и полициски станици на МВР, специјалните единици добија повеќе комплети нова униформа, униформи се набавени и за останатите полициски службеници, исплатени беа три заостанати бонус плати за прекувремено изработени часови, обезбедени се поголем број донации во возила и опрема за разни полициски организациони единици, со што министерството бележи значително подобрени перформанси во борбата со криминалот, сообраќајната безбедност и севкупната безбедност на граѓаните на целата територија на нашата држава.

Вики Клинчарова

Поврзани новости