Мрзливиот Петре Шилегов да не се крие и да излезе да го каже својот став во врска со висококатниците спроти хотелот Холидеј Ин. Целата јавност се крена по прашањето на бетонските градби кои треба да никнат во центарот на Скопје, а градоначалникот на градот нема став, и се надева дека никој нема да го праша, критикува советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.
-Нели СДСМ и мрзливиот Шилегов ќе ја спречуваа бетонизацијата на Скопје и неконтролираното градење без запазување и заштитување на животната средина? Дали мрзливиот Петре Шилегов, градоначалник на Скопје, е за изградбата на бетонските висококатници спроти Холидеј Ин или е против? Кој е ставот на Шилегов? Дали молчењето на Шилегов скопјани треба да го сфатат како одобрување за бетонските висококатници спроти Холидеј Ин?, реагираат од советничката група на опозицијата.