ВМРО – ДПМНЕ мобилизира администрација: Бараат боледувања и слободни денови за да одат на митинг во Охрид

by fokus 13:51
13:51

Вработените во администрацијата кои се принудени да присуствуваат на митинзите на ВМРО – ДПМНЕ своите отсуства од работа им е наложено да ги правдаат со боледувања или со слободни денови од годишните одмори.

Изборната кампања почнува денеска, ќе трае до 9 декември и во тој рок на граѓаните ќе им ја претстават изборната програма 11 коалиции кои влегуваат во битката на вонредните парламентарни избори на 11 декември.

- Advertisements -

ВМРО – ДПМНЕ кампањата ќе ја отвори вечерва со митинг во Охрид, а автобусите од Скопје планирано е да тргнат во 3 часот попладне, така што голем дел од вработените кои ќе одат на митингот ќе ги напуштат работните места порано.

Александар Кирацовски, дополнителен заменик министер за информатичко општество и администрација потврдува за „Фокус“ дека засилениот притисокот врз администрацијата се поклопува со почетокот на изборната кампања и дека вработените земаат дури и боледувања за да присуствуваат на митинг по директива на партијата.

 

 

Поврзани новости