Фијат Цаноски: Ми го срушил Космос поради Бранко и Велија!!!

by Fokus 19:32
19:32

По подолго време молк, во првото излегување во јавност, Фијат Цаноски, кој неодамна се повлече од лидерската позиција во Партијата за европска иднина, раскажува за проблемите со кои се соочил во 2011 година.

ФОКУС: Сте имале ли средба со Груевски по уривањето на „Космос“, барем да разјасните некои работи?

- Advertisements -

ЦАНОСКИ: Последната средба беше во јануари 2011 година, кога му соопштив дека ја напуштам коалицијата. Немав никаков контакт до пред локалните избори 2013 година, кога без срам и перде ми се јавува и бара средба. Отидов во неговиот кабинет во владата и ми вели – ќе соработуваме ли за локалните избори!? Ти имаш еден куп гласови во Струга. Ајде да ја поправиме грешката и да го земеме градот назад! Да не знае човек дали да се смее или да плаче.

Искрено, не очекував да се извини. Ама да ми бара соработка по сѐ што ми направи! Навистина човек без образ. На заминување го прашувам директно – зошто ми го сруши „Космос“ и зошто ми направи толку многу штети и проблеми ? Неговиот одговор беше – А зошто Фијат отиде со Бранко Црвенковски? И Зошто Фијат го поддржуваше Велија Рамковски? Велам благодарам, пријатно!
 

Разговараше
Јадранка КОСТОВА

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК

Поврзани новости