ВМРО-ДПМНЕ: Мерцедесот е блиндиран, затоа е толку скап

by Фокус

Мерцедесот не е на Никола Груевски, туку е сопственост на Република Македонија, поточно на Министерството за внатрешни работи и се користи за обслужување на високи странски гости, делегации и политичари, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ на денешната „бомба“ објавена од СДСМ, во која, според опозицијата, премиерот Груевски нарачува и добива Мерцедес во вредност од 575 илјади евра.

-Автомобилот е блиндиран што ја објаснува и неговата вредност. Заради фактот што возилото во кое се вози премиерот е над 20 години старо, новиот автомобил се користи при посети на премиерот надвор од Скопје, или во случаи кога старото возило кое го користи е на поправки или сервис, пишува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Тие велат и дека Заев презентирал режирани и сечени материјали кои не докажувале ништо криминално и ништо што не е во согласност со законите. Обвинуваат дека лидерот на опозицијата со својот вовед на пресконференцијата ги навел снимените разговори во целосно погрешен контекст кој единствено нему му одговарал.

Поврзани новости