ВМРО-ДПМНЕ: Мерката на СДСМ за земјоделците е лицемерна

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ реагира на ветувањето на СДСМ дека ќе формираат интервентен фонд за помош на земјоделците. Од партијата оценуваат дека станува збор за лицемерно нудење проекти бидејќи кога СДСМ биле на власт не понудиле никаква помош и мерка во земјоделството.

-Тоа што СДСМ сега го нуди, наведува ВМРО-ДПМНЕ, ни од далеку не е мерка која ќе им помогне на земјоделците, затоа што и досега државата интервенирала и тоа со многу повеќе средства кога се работи за обесштетување земјоделски површини и за помош на земјоделци од природни непогоди, се вели во партиската реакција.

Според ВМРО-ДПМНЕ, бројката која сега СДСМ ја предлага е далеку пониска од реалните исплати коишто државата на годишно ниво ги одвојува за оваа ставка.

 

Поврзани новости