ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е убедливо најлош пример на борба со епидемијата во Европа

by fokus

Заев и Филипче преку малтретирање на граѓаните сакаат да излажат дека се посветени и дека преземаат мерки за сузбивање на корона вирусот. За нив е ризично доколку луѓе рекреираат во Скопје или одат до маркет согласно протоколите, но нема проблем ако истите го напуштат градот, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

-Бројките на заболени и починати ја разоткриваат нивната неспособност. Македонија е убедливо најлош пример на борба со епидемијата во Европа.
Вчерашната бројка на новозаразени од 180 е само уште еден доказ за неспособноста на оваа Влада.

Во време кога во регионот корона вирусот стивнува, во Македонија вирусот зема замав со 180-те нови случаи вчера, само заради некадарноста на власта. Вкупно 1009-те активни случаи и 149-те починати, говорат за една неспособна Влада која единствено се грижи за свои интереси.

Доказ на непромисленоста на оваа влада е вчерашната прес конференција на Славјанка Петроска.
Петровска за потребите на Заев држеше прес конференција, иако со Решение на ИЈЗ, како што објавија медиумите истата е упатена во домашна самоизолација.
Доколку Славјанка Петровска има решение за самоизолација, таа го прекршила чл.2 ст.2 од Уредбата на владата за примена на законот за заштита на населението од заразни болести и сторила кривично дело казниво со закон.

На СДСМ им е важна само власта, затоа го ставаат во опасност и здравјето на граѓаните.
ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ добивме хибриден режим, криминал и сиромаштија, се вели во соопштението.

 

Поврзани новости