482
Со експресна реакција на пресот на СДСМ денеска излегоа од владејачката партија. Според нив, лицемерно е опозицијата да зборува за искористеноста на европските пари, кога за време на владеење на нивните „ЕУ-експерти“, Македонија не успеала да добие акредитација за ИПА инструментот.
– СДСМ никогаш не даде отчет за својата работа и затоа се нервозни кога ВМРО-ДПМНЕ тоа го прави. За разлика од нив, ВМРО-ДПМНЕ досега има повлечено околу 130 милиони евра од ИПА компонентата. Европските пари учествуваат и ќе продолжат да се искористуваат за битни проекти, како на пример автопатот Демир Капија- Смоквица – реагираат преку соопштение од партијата на власт.