ВМРО-ДПМНЕ: Лекари, архитекти, актери се држат во притвор бидејќи имаат спротивни политички убедувања од Заев

by Fokus

СДСМ ја гази демократијата и го деградира владеењето на правото. Република Македонија станува држава во која законите се само мртво слово на хартија. Трет месец неосновано се држат во притвор десетици граѓани како дел од политички монтиран случај. Лекари, актери, архитекти и видни општествени дејци се дел од политичкиот прогон кој го врши власта врз недоожни луѓе чиј единствен грев е што имаат спротивни политички убедувања од Зоран Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Кршењето на слободата и правата на притворените и сомнеж за владеењето на правото во Република Македонија под власта на СДСМ поради политичките прогони изрази и Комесарот за човекови права на Советот на Европа, институцијата која ја донесе Европската конвенција за човекови права. Укажување кое беше занемарено од страна на власта. Кршењата на правата и непочитувањето на постапката беше нотирано и од Народниот правобранител. Факт кој исто така беше игнориран од страна на властите и МВР, кое се јави како прекршител на правата на уапсените – се наведува во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Поврзани новости