Мицкоски со коалициските партии: Националниот идентитет треба да остане непроменет

by fokus

Суштествено е важно Владата која ги води разговорите за прашањето за името да ги запази државните и националните интереси и да води грижа за заштитата на македонскиот идентитет кој треба да остане непроменет. Ова е заклучокот по вчерашната средба на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со коалициските партнери.

На средбата било разговарано за актуелната политичка состојба и при тоа биле нотирани политички притисоци и реваншизам.

Од опозициската коалиција сметаат дека државата се движи во погрешен правец, кон континуирано економско и политичко слабеење. Побарано, Владата да се откаже од намерата да го донесе Законот за јазиците.

 

Поврзани новости