Опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагира дека кривичната пријава за бесправното градење кај „Мавровка“ е популизам бидејќи објектот бил изграден со дозвола на СДСМ, а рушењето, како што наведуваат од партијата, сега ќе се плати од џебот на граѓаните.
-Дивоградбата кај Мавровка е изграден во време на владеење на СДСМ и Зоран Заев што укажува дека државните институции наместо да реагираат на ваквото незаконие тие останале глуви. Инвеститорот на објектот кај Мавровска се бараше преку јавен огласи, а за да биде иронијата поголема во потрагата се вклучи и Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје. Општина Чаир распиша оглас за уривање на дивоградбата во износ повеќе од еден милион денари, а ниту една компанија не беше пријавена на истиот. Смешна е кривичната пријава од страна на Јавното обвинителство откако дозволија да се изгради, прашуваат од партијата.