Од ВМРО-ДПМНЕ се огласија на реакциите на СДСМ, од каде обвинија дека одлуката на Европската комисија за суспендирање на 27 милиони евра финансиска помош за Македонија е резултат на лошите владини политики.
Од владејачката партија велат дека опозицијата само повторува исти манипулации, без никакви докази и без никакви споредби.
– Образложението за ваквата безидејност лежи во фактот што во време на владите на СДСМ не е вложен ниту денар во инфраструктурата. Државата и тогаш имаше буџет, но парите на граѓаните се крадеа и инвестираа во приватните сметки на партиските функционери. Затоа СДСМ бегаат и се срамат од каква било споредба на тоа што е изградено во нивно време и инвестициите кои се во тек во моментов, се вели во реакцијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека СДСМ оваа санкција од ЕУ ја сметала за сопствен успех за кризата која ја креаирала. Понатаму во партиското соопштение се наведени сите инфраструктурни проекти што партијата на власт ги реализирала.