Директорот на струмичката болница го потврди хаосот и криминалот на семејството Заеви и Филипче во здравството. Додека СДСМ и Филипче ги трошат парите од здравството на сопствен луксуз, скапи автомобили и хациенди, струмичката болница нема пари за ново амбулатно возило и бара донаци, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
-И додека болницата во Струмица нема амбулантно возило, Заев кој самиот е оттаму го има во својата приватна колекција најлуксузниот автомобил во Македонија – Мајбах кој чини 400.000 евра. Додека болниците молат за помош семејството Заеви има 2 супер – луксузни автомобили Бентли, кое е речиси 200.000 евра. Заев редовно се вози со 10 БМВ мотори, кои се купени на име на една од неговите фирми, а само еден мотор чини 35.000 евра. Здравството е во очајна состојба. Болницата во Струмица бара донации за возило. Нема ковид тестови, нема вакцини. Државата е во тотален хаос. Костадин Костадинов е лицемерен, бидејќи кога ВМРО-ДПМНЕ бараше три амбулантни возила за Струмица владата одговори дека нема потреба. А сега ќе се чека 2 месеци за ново возило, реагира партијата.
Реакцијата стигна откако директорот на струмичката болница преку Фејсбук побара донации од граѓани за да се купи ново возило за болницата, но набргу објавата ја повлече, како што рече, поради негативните коментари. Кратко потоа пратеникот од СДСМ, Костадин Костадинов соопшти дека обезбедиле возило кое ќе стигнело за два месеца.