ВМРО-ДПМНЕ: Постојат 1085 причини Филипче до изутрина да си поднесе оставка

by fokus 20:16
20:16

Бројката на заразени денес е 1085 лица. Постојат нови 1085 причини Венко Филипче да си поднесе оставка до утре изутрина, реагира опозицијата по новиот рекорд на заразени со ковид-19.

-Непостапувањето и непреземањето на мерки е подеднакво лошо како и лошите мерки. Венко Филипче е одговорен и за едното и за другото. Оставката на Филипче веќе не е политички став туку нужност за да се спасат животи, велат од партијата.

- Advertisements -

Поврзани новости