-СДСМ во периодот кога беше на власт во светот немаше криза, сите земји бележеа рекорден раст, а Македонија имаше економија со катастрофални стапки на раст, ништо не се градеше, оставија државен долг од 36,7 отсто, оставија невработеност од скоро 39%, со еден збор очај и безнадежност, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ во кое обвинува за лоша економска политика на власта.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека СДСМ не можеле да се помират со фактот дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ водела успешна економска политика за која потврда давале и релевантните меѓународни институции како Светска Банка и ММФ.
-Денес дури и се враќаат долговите кои СДСМ ги направи кога беше на власт. Денес се градат и три нови автопати и стотици локални и регионални патишта, се инвестира во железничка инфраструктура, во болници, училишта, градинки, се субвенционира земјоделството, се обезбедуваат ефтини кредити за малите и средните претпријатија, се зголемуваат плати, пензии, стои во соопштенито на ВМРО-ДПМНЕ.