Министерот за правда ја повика Јанева да ги разветли „Монструм“ и „Сопот“

by Фокус

Министерот за правда Аднан Јашари ja повика специјалната обвинителка Катица Јанева да ги земе како приоритетни истрагите за чувствителните меѓуетнички случаи како „Монструм“ и „Сопот“ и побара од неа да ги истражи и расветли до крај, пренесува телевизија Алсат М.

-Случаите кои се познати во Република Македонија кои имаат етнички карактер како Сопот, Монструм и други, се случаи кои заради својата цел, на некој начин заради нивното влијание во јавноста се случаи што треба што побрзо да се решат за да се избегне мислењето кое постои во јавноста дека се монтирани или не се монтирани, дека има влијание политиката во нивното решавање или нема влијание, изјавил Јашари.

Тој додаде дека специјалната обвинителка во принцип, врз основа на информациите кои ќе ги има е обврзана да иницира процедура и до крај да ги истера овие случаи.

Поврзани новости