ВМРО-ДПМНЕ пред Управниот суд ќе ги обжали одлуките на Државната изборна комисија, која по приговор на БЕСА, одлучи да има прегласување во спорните гласачки места. Сепак, од партијата велат дека доколку Управниот суд ја потврди одлуката на ДИК, тоа нема да го прифатат и нема да учествуваат во прегласувањето.
-Доколку Управниот суд подлегне на влијанијата од страна и ги незаконските одлуки на ДИК и со тоа се одзеде победата на ВМРО-ДПМНЕ и се фалсификува слободно изразената волја на граѓаните на Македонија, ВМРО-ДПМНЕ објавува дека нема да учествува во прегласувањето и нема да ги признае резултатите од тоа прегласување, изјави денеска Груевски.
Инаку, со оглед на тесната разлика во бројот на гласови, со прегласување во гласачкото место 0396/1 во Гостивар може да дојде до промена во бројот на мандати во шестата изборна единица во корист на СДСМ.
ДИК одлучи да има прегласување откако графолошките анализи покажаа дека потписот на сведокот Фатиме Сулејмани бил фалсификуван, односно некој друг гласал во нејзино име. Според ВМРО-ДПМНЕ, ДИК не смеала да ангажира графолог и како што рекоа, оваа одлука била скандалозна.