530
Членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ, во организација на ГДОМ, денеска во 11 часот ќе протестираат пред Кривичниот суд во Скопје за ослободување на битолскиот градоначалник Владимир Талевски, кому Кривичниот суд му одреди 30-дневен куќен притвор.
-Да се собереме сите и да испратиме гласна порака и охрабрување до судот: судете според закон, а не според политички нарачки!, пишува во соопштението на движењето ГДОМ во кое повикува на протест.