Груби: Потписите се само формалност

by fokus

Десетте пратенички потписи кои ДУИ вчеравечер одлучи да му ги даде на Зоран Заев за добивање мандат за состав на нова влада, се само само од формален карактер и не значи дека се согласност за коалиција.

Шефот на кабинетот на партијата, Артан Груби вели дека потписите ги дале за да ги запазат роковите и дека за нив најважни се барањата од албанската платформа.

-За нас, отсекогаш по значајна беше содржината а не формата. Содржината ги подразбира сите Албански барања и достигнувања, додека формата претставува давање на потписи или и учество во влада. По постигнувањето на целосно и безусловно исполнување на нашиот предлог закон за Албански јазик како и сите елементи од заедничката Албанска Декларација, потписите се само формалност.

Значајно за нас е да ги исполниме барањата и очекувањата на Албанците, додека учеството во Влада или поддржување малцинска влада ќе се разледува дополнително затоа што првенствено и најбитно за нас беше да се постигнат албанските барања како апсолутен предуслов – напиша Груби на Фејсбук.

ДУИ викендов ќе преговара за тоа дали ќе бидат дел од новата влада или ќе се повлечат во опозиција. Со одлука, рекоа ќе излезат до понеделник.

Поврзани новости