Опозицискиот лидер, Христијан Мицкоски во вечерашната емисија „Клик плус“ на ТВ 21 најави интерпелација за владата предводена од Зоран Заев.
-Ценам дека сите овие порази кои се случуваат на македонската политичка сцена, а кои се резултат на незнаењето, или неработата, или ограничените капацитети на одговорните, мислам треба да кулминираат со една постапка во Собрание каде ВМРО-ДПМНЕ заедно со другите опозицскии партии ќе побара дебата за работата на Владата после овие 100 дена, или треба да се расправа за доверба на владата. Таму во Собранието ќе може да се слушнат аргументи. Тоа ќе биде одлично и за Османи, и за Димитров, и за Заев да кажат што сработиле и дали заслужуваат доверба или не, рече Мицкоски.
Тој најави дека во текот на следната недела ВМРО-ДПМНЕ ќе го поднесе до Собрание ваквото барање и неделата потоа ќе се отвори дебата во парламентот.
-Да видиме кој што ќе каже, бидејќи силите во парламентот се пола-пола, кажа Мицкоски.