ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе иницијатива до Уставен за Законот за јазици

by fokus

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев денеска во посета на Струга одржа прес-конференција на која кажа дека ВМРО-ДПМНЕ цврсто останува на своите ставови. Промената на името и идентитетот не ги признаваат и тоа никогаш нема да го прифатат.

-Oд друга страна ќе ги преземеме сите правни механизми во однос на Законот за јазиците и како што веќе најавивме ќе поднесеме кривични пријави за Талат Џафери и директорот на Службен весник, меѓутоа исто така ќе поднесеме иницијатива до Уставниот Суд за преиспитување на уставноста на истиот закон, рече Јанушев.

Поврзани новости